Шакира
Шакира Изабел Мебарак Рипол (родена на 2 февруари 1977) позната како Шакира, شاكيرا на арапски шпански изговор: [tʃaˈkiɾa] еколумбиска пејачка, текстописец, музичарка и танчерка која направи вистински пресврт на музичката сцена во Латинска Америка во раните 1990-ти. Таа е родена и порасната во Баранкила, Колумбија. Шакира уште како мала се занимавала со живо пеење нарокенрол, латинска и либанска музика, а истотака и уште од мала се бавела со стомачен танц. Мајчин јазик на Шакира е шпанскиот, но истотака таа целосно ги зборува англискиот, португалскиот и италијанскиот.
После серија од комерцијални неуспеси со локалните продуценти на нејзините први два албума и нејзината мала познатост надвор од Колумбија, Шакира одлучува да направи нејзин нов бренд на музика: во 1995 таа го реализира „Pies Descalzos“, којшто и носи голема слава во Латинска Америка и Шпанија и ја обележува Шакира како музички феномен. Но во 1998- тите „¿Dónde Están Los Ladrones?“станува најважниот албум на пејачката кој добил најмногу позитивни критики од познати издавачи како Rolling Stone, All Music Guide иBillboard. Од тогаш понатаму таа добива голем број фанови во земјите каде што шпанскиот не е официјален јазик, а посебно воСоединетите Американски Држави. Во 2001 таа прави промоција на нејзиното музичко видео за песната „Whenever, Wherever“ и сто тоа го пробива мразот во Англо-светот со реализацијата на нејзиниот прв албум на англиски наречен „Laundry Service“ кој се продаде во повеќе од 12 милиони копии на светско ниво. Четири години подоцна Шакира реализира два албума наречени „Fijación Oral Vol. 1“ and „Oral Fixation Vol. 2“. И двата го потврдуваат нејзиниот успех, а за тоа „зборува“ и нејзиниот хит којшто воедно и е најголемиот хит на 21 век „Hips Don't Lie“. Шакира работи на последните подготовки за нејзиниот најнов проект насловен како „She Wolf“ кој ќе биде реализиран во Октомври, 2009.
потпис на Шакира
Рани години
Шакира е родена на 2 февруари 1977 во Баранкила, Колумбија. Таа е единственото дене на Нидија дел Кармен Рипол Торадо која е одиталијанско и шпанско потекло и Вилијам Мебарак Чадид кој е роден Американец со либанско-маронитско потекло.
Шакира значи „благодарна“ на Арапски. Тоа е женска форма од името Шакир. Нејзиното второ име, Изабел е од нејзината баба и значи „мојата божја куќа“ и тоа е шпанска верзија на името Елизабет. Нејзиното второ презиме Рипол има каталонско потекло. Голем дел од детството го има помината во родниот град Баранкила. Шакира е забележана по нејзиниот IQ кој изнесува 140.
Помеѓу десет и тринаесет години Шакира била поканета на повеќе настани во Баранкила и добила некаква репутација во таа околина. Тоа било во време кога Шакира го запознала локалниот театарски продуцент Моника Ариза, која била импресирана од неа и сакала да и помогне за да развие кариера. Додека била во лет од Баранкила до Богота, Ариза го убедила извршниот директорот на Sony Colombia Сиро Варгас да одржи аудиција за Шакира во хотелското лоби. Кога Варгас ја видел Шакира знаел дека во неа има нешто посебно. Кога се вратил во Sony Colombia му ја дал снимката на Шакира на директорот. Сепак директорот не бил нешто посебно задоволен од Шакира и рекол за неа дека е „изгубен случај“. Но Варгас знаел дека Шакира е посебна и има талент и затоа и закажал аудиција во Богота. Тој направил аранжман за извршните директори на Sony Colombiaда дојдат на аудицијата со цел Шакира да биде изненадување за нив. Таа извела три песни пред нив и тие била презадоволни од неа и направиле договор Шакира да сними три албуми за нивната фирма.
приватен живот
Славната пејачка Шакира важи за јавна личност која не сака многу да говори за својот приватен живот, меѓутоа ова лето таа често ги изненадува своите бројни фанови со објавување на семејни фотографии на социјалните мрежи.Шакира и Пике неодамна беа на одмор на Хаваите, каде што пливале со делфини, а пејачката покажала дека знае одлично да се забавува со своите најсакани. Славниот пар исто така уживал и во специјалитетите од морска храна и возбудата на параглајдингот, па таму високо, тие размениле и малку нежности.
Иако во минатото не сакала многу да зборува за својот приватен живот, колумбиската пејачка Шакира во последно време со најголемо задоволство го покажува своето синче во јавноста. Секако дека не може да и одолее на својата мајчинска желба, кога Милан е толку слатко бебе.
Шакира на својот Инстаграм профил редовно објавува фотографии од своето седуммемсечно синче Милан кое го доби со фудбалерот на Барселона Жерар Пике.



No comments:
Post a Comment